Лицата што немаат државјанство и не се запишани во матичните книги на родени ќе добијат документи според постапката која е пропишана со законот за лицата без регулиран граѓански статус, што е во процедура за донесување. Со овој закон се очекува да се реши правниот статус на околу 3.000 лица, т.н. „фантоми“ колку што проценува бројката на луѓето без документи во Македонија.
Овие лица се правно невидливи за системот и немаат никакви граѓански права – образование, здравствено осигурување, социјална заштита и сл. Тие немаат регистрирано име и презиме, матичен број, никогаш немале извод од матичната книга на родени, лична карта, ниту адреса на живеење. Обично живеат во супстандардни услови, во картон-маала, а преживуваат од собирање отпад. Но, не се исклучува ниту тоа дека може да се лица кои потекнуваат од Сирија и сега се во лов на документи или едноставно сега владата гледа да ги здоми и згрижи сиријците врз база на дадените ветувања од претходно кон земјите од кои се очекува да дадат амин за датум за преговорите за влез во ЕУ. Ова е само може уште една замка или епизода во тоа што треба да направи македончето според актуелната власт за да може да дојде до датум за преговори, но и да ги згрижи овие лица и многу повеќе, пак дилемата дали датумот е сигурен?
– Предлагач на законот е Министерството за труд и социјална политика, кое лани во април заедно со Управата за водење на матични книги отворија јавен повик до сите лица што не се евидентирани во матичните книги на родените. Тие требаше да дојдат до подрачните единици на Управата и да пополнат прашалник околу причините зошто останале неевидентирани. Министерката Мила Царовска тогаш рече дека на сите лица треба да им се овозможи пристап до социјалните права, здравство, образование и сите државни услуги, односно само така се создава општество кое не дискриминира и не заборава никого.
Целта на законот е неевидентираните лица да се стекнат со својство на лица со посебен граѓански статус, за да можат да ги остварат правата за образование, здравствена и социјална заштита и вработување. Законот ќе се применува на лицата што живеат или се родени на територијата на Македонија, не се запишани во матична книга и немаат својство на странец, а се евидентирани на јавниот повик кој траеше од април до октомври лани. Податоците за овие лица се прибираат врз основа на јавниот повик, но и со непосредна посета на местото на живеење каде лицата пополнуваат прашалник. Посетата ќе ја вршат службени лица од Управата, од МВР, од Центарот за социјална работа, како и здруженија на граѓани.
Адресата на лицата без статус се определува согласно нивниот исказ кој што е внесен во регистарот. Ако немаат пријавено адреса се евидентира адресата на Центарот за социјални работи во местото на живеење. Податоците се запишуваат во Регистар за лица без регулиран граѓански статус, кој го води Управата за водење на матичните книги.
На лицето што ќе биде запишано во регистарот му се дава решение со кое му се определува својство на лице со посебен граѓански статус. Потоа лицето ќе биде запишано во Посебна матична книга на родените, по што му се издава посебен извод од матичната книга на родените, кој содржи фотографија, регистарски број и лични податоци.
МВР врз основа на посебниот извод на лицето му издава идентификациска исправа, на која задолжително стои посебниот регистарски број. Исправата не е во биометриска форма, има рок на важење од пет години и може да се обновува.
Предвидена е и постапка за упис на овие лица во матичната книга на родени. Откако МВР ќе му издаде решение на лицето, овластениот службеник во Управата за матични работи поведува постапка за потврдување, изменување или дополнување на податоците. Оваа постапка трае се до донесување на решение за дополнителен упис во матичната книга на родени. Во постапката овластеното лице може да користи нотарски заверена изјава од двајца сведоци, потврда и списи од надлежни институции за докажување на местото и датумот на раѓањето. Управата во постапката соработува со државните органи, организации и здруженија на граѓани.
За да добијат документи лицата без државјанство досега честопати мораа со ДНК-анализа да го докажат сродството со лице кое веќе има документ, што е скапа и сложена постапка, предупредуваа невладините организации кои работат на оваа тема. Според нивните анализи, луѓето останале без државјанство поради распаѓањето на Југославија и поради незапишаните раѓања и лични имиња. На пример, лицата што потекнуваат од некоја од југословенските републики а останале да живеат во Македонија имале можност да побараат државјанството на Македонија, но голем дел од нив не ги познавале законите и не го сториле тоа, а не биле примени ниту во државјанството од земјата каде што се родени.
Исто така, тука спаѓаат децата што се родени во Македонија, а не биле навремено регистрирани во матичната книга на родени. Ако мајката не е запишана во матичната книга не може да ги запише ниту своите деца, а особено децата што се родени во домашни услови. Постапката за упис на возрасните е сложена, а често како доказ за сродство меѓу родителот и незапишаното дете се бара ДНК-анализа.
Дали тоа е само целта минситерке, прашуваат граѓаните? Каде тука лежи зајакот и кој се треба да добие државјанство поради што вака се средува сега законот? Каде бевте до сега?