Со неколку чекори напред и пред сите Министерството за здравство уште не поминало летото се спрема за тоа што може да ги очекува пензионерите во следната сезона на грип поточно есента што следи за 4-6 месеци од сега. Имено оваа есен, МЗ планира да обезбеди 70.000 бесплатни вакцини за пензионери со просечна и потпросечна пензија. Иако не е наведен критериумот кој е или кои се критериумите, битно е има со што да се „мачкаат“ очите на народот, особено на пензионерите. Што значи и што се подразбира под просечна или потпросечна пензија јасно дефинирано и тоа не е посочено, ама се има некаква идеја во МЗ.

Повторно ништо не се објаснува на граѓаните, само се нафрлаат можни сценарија и работи за нешто што можеби може, можеби не да се случи за извесен период. Што би било кога би било?

Се посочува дека ќе има бесплатните вакцини против грип, кои ќе можат да ги искористат и лицата над 60 години, кои се’ уште немаат пензија, а се без или со ниски приходи. Ова е дел од пакетот поволности, што ги подготви Министерството. Иако недоволно промислено и без некаква конкретна и јасно дефинирана насока, критериуми и цел, меѓутоа за имање желба, може да се каже дека се присутни од МЗ.

Се ветуваат уште многу празни ветувања, граѓаните реагираат дека тие работи што треба да се средат не се средуваат ама веќе се ветува нешто следно нешто подобро, поинаку, а и ние како пензионери сме свесни и тие од МЗ дека тоа така не се случува и нема да се случи. Ветете скромно, исполнете го, ветете следно, вака во забуна се само граѓаните никој не знае што да очекува и што од тоа што се збори е вистина?