Ѓумбирот е еден од најпопуларните зачини во светот, особено во Азија. Содржи соединение наречено гингерол кое поседува аналгетски и антиканцерогени својства.
Еве на кои сè начини делува сокот од ѓумбир:
За имунитет – ако сте склони на настинки и грип, треба редовно да пиете сок од ѓумбир бидејќи тој позитивно делува на зајакнување на имунитетот. Сокот од ѓумбир го зголемува влијанието на антибиотиците и ја подобрува циркулацијата.
За превенција од тумори – бројни студии досега потврдија дека ѓумбирот е добар во борбата против туморите, особено туморот на јајници.
За болести на цревата – ѓумбирот ги ублажува симптомите на иритабилни црева ако се пие во облик на чај или сок.
За превенција од Алцхајмер – истражувањата покажале дека секојдневната консумација на ѓумбир може да го забави изумирањето на мозочните клетки што е главна причина за Алцхајмерова болест.
За апетит – ѓумбирот може да го намали апетитот бидејќи делува така што произведува зголемена киселина во желудникот. Исто така делува и како средство за слабеење бидејќи ги согорува маснотиите и дава подолго чувство на ситост.
За уморни мускули – по тренингот е добро да консумирате храна во која ќе додадете ѓумбир. Најдобро делува ако го испиете или изедете наутро, пред било која друга храна или пијалак.
За стабилизација на глукозата во крвта – научниците во Австралија откриле дека ѓумбирот ја намалува високата количина на глукоза во крвта. Важно е да знаете колкаво е вашето ниво на глукоза во организмот бидејќи тоа влијае на вашата тежина и нивото на енергија.