Од април оваа година, работната недела за вработените на Diners Club Македонија завршува во петок во 14ч. Ова е последна од низата придобивки кои компанијата ги имплементираше како дел од позитивните корпоративни практики во грижата за своите вработени.

Следејќи ги позитивните искуства и практики на компаниите ширум светот и земајќи ја во предвид потребата за поголема флексибилност во работното време, Diners Club Македонија повторно одлучи да им излезе во пресрет на своите вработени за кои викендите сега почнуваат порано.

„Светските искуства со флексибилно и скратено работно времe покажаа низа позитивни импликации врз продуктивноста во работењето и општата благосостојба на вработените која за нас секогаш била број 1 приоритет. Во Diners имаме примери на вработени кои се дел од компанијата повеќе од 15 години и тоа за нас е доволен мотив да продолжиме континуирано да вложуваме во нашиот тим“

велат од Diners.

Она што особено го радува менаџмент тимот на Dinеrs е што по завршувањето на работните обврски во 14 ч. новото слободно време вработените често знаат да го искористат за заедничко дружење што е исклучително важно за одржување на тимскиот дух во компанијата.

Минатата година Diners Club Македонија во соработка со Еуролинк Осигурување обезбеди приватно здравствено осигурување за сите свои вработени со цел зголемување на достапноста до квалитетни здравствени услуги и обезбедување навремена лекарска нега.