Ново истражување посочува дека земањето мали дози омега-3 суплементи дневно може да го подобри здравјето на срцето.

Мета-анализата (статистичко споредување на голем број постоечки студии) објавена во списанието „Клиникал нутришн“ (Clinical Nutrition). Истражувачите анализирале 19 научни трудови за тоа како омега-3 влијае на вкупно 97.709 испитаници. Забележана е значително помала опасност од срцева смрт кога луѓето земале две капсули омега-3 дневно. Сепак, благотворните влијанија од земање повисоки дози сè уште не се анализирани.

– Омега-3 одамна се издвојуваат како особено корисни против кардиоваскуларните болести. Добро е што сега знаеме колкава е препорачаната дневна доза. Ќе продолжиме да ги истражуваме позитивните ефекти на овие додатоци, изјави нутриционистката Џинџер Хултин.

Д-р Џули Аптон изјави дека препорачува додатоци на омега-3 што содржат најмалку 500 милиграми тн. еикозапентаеноична и докосахексаеноична киселини.