Секоја жена кога нема да добие менструација, прво на што помислува е дека е тбремена. Но, постојат и други причини кои не треба да ги игнорирате доколку имате проблеми со редовноста на менструалниот циклус.

Стрес

Многу жени во стресни периоди имаат болна и долга менструација. Подолг стресен период може да биде причина зошто не добивате менструација. За да не ви се случи тоа, вежбајте редовно и спијте барем шест часа дневно.

Пред менопауза

Просечната возраст кога жените влегуваат во менопауза е на 52 години, но жените можат да ги почувствуваат симптомите и 15 години порано. Во текот на тој период се намалува производството на естроген. Намаленото ниво на естроген во телото може да го поремети менструалниот циклус. Менопаузата настапува кога менструацијата ќе изостане 12 месеци.

Губење на килограми

Значајното губење килограми и претерување со вежбањето може да биде причина за изостанување на циклусот. Сепак, доколку изгубите голем број на килограми и не добиете менструален циклус повеќе од два месеци, посетете го вашиот лекар.

Гојазност

Исто како што и губењето килограми може да предизвика доцнење на циклусот, така и врз него може да влијае гојазноста. Доцнењето на циклусот може да биде проблем од медицинска причина, како што се полицистични јајници, па потребно е да се обратите на лекар.

Контрацепција

Хормонските средства можат да бидат причина заради која нема да добиете менструација. Хормонските контрацепциски средства го снабдуваат телото со естроген и прогестерон, а кога се прекинува со консумирањето се јавува менструалниот циклус.

Хормонски дисбаланс

Некои хормони како што се пролактин или хормон на штитната жлезда, можат да предизвикаат да не добиете менструација. Ако дисбалансот на хормоните е причина, тоа едноставно може да го дознаете доколку проверите крвна слика.