Шилеже денес прскаше, мора епидемиолозите да ја смират топката, нема ниту еден случај на западно – нилска треска во Македонија!

Доктор Илир Демири од инфективната клиника во изјава за медиумите кажа дека нема ниту еден хоспитализиран пациент чии симптоми асоцираат на вакво заболување, а такви пациенти нема забележано ниту во…

Од овој вирус кој го пренесуваат комарците годинава починаа 9 луѓе во Србија, од заболените над 100.

Во Грција има 55 заболени, а починаа две лица на возраст од над 80 години.

Прво да не се лажеме, не сме мали деца, иако тоа некако стана пракса на моменталната владеачка гарнитура, ама тоа секаде не поминува.

Од толку високо и толку ретко прскање против комарци немало одамна, освен тоа пред само два дена колегите на Доктор Демири посочуваат во јавноста преку медиумите дека има регистрирани случаи на западно – нилска треска кај нас, меѓутоа денес одеднаш магично ги снема, тоа е кога се може, се се може.

Кога ќе дојде животот, доаѓа за сите и одеднаш се исчезнува, знаеме дека и покрај се ние граѓаните не сме тие што забораваат, упатени сме докторе Демири, како и татко на градот Скопје, знаеме и како се прскало и како треба да изгледа прскање, знаеме и слушаме дека има регистрирани случаеви, за да одеднаш вие го демантирате тоа.

Не се секирајте, НАРОДОТ памети, бележи и никако не заборава. – посочија група револтирани граѓани кои ги сретнавме во градскиот парк


Related Articles