Дури и ако немате чувствителен желудник, постојат намирници кои ќе му „паднат“ тешко наутро, односно кога е празен, па би требало да ги избегнувате. Помеѓу нив е сировото овошје и зеленчук, кои иако богати со витамини и минерали, се тешко сварливи на самиот почеток на деднот.

Јогуртот и колку да е здрав поради добрите бактерии кои ги содржи, не успева да стигне до цревата, затоа што претходно ги убива киселините кои ги создава празниот желудник.
Меѓутоа, ситуацијата се менува ако конзумирате јаткасти плодови или овесни снегулки. Исцедениот сок од портокал исто така не е најдобар избор наутро. Цитрусните плодови – лимон, портокал, грејпфрут, мандарини се полни со витамин Ц, но киселините кои ги содржат можат да ја нападнат слузокожата и да предизвикаат болки во устата и грлото.

Доматите се полни со витамини и антиоксиданси. Меѓутоа, ако ги конзумирате исклучително само нив, на празен желудник може да предизвика силни болки во него.
Газираните пијалаци на празен желудник можат да го намалат дотокот во крвта во него и да ја оштетат слузокожата. Поголемиот дел од газираните напитоци содржат кофеин и голема количина на шеќер, кои заедно предизвикуваат зголемено лачење на желудочна киселина. Како што веќе сите знаете – газираните пијалаци треба да се избегнуваат секогаш, но ако баш морате да ги пиете, никако немојте наутро.