Дваесет минути по последната цигара, забрзаниот пулс на срцето се враќа во нормала, и високиот притисок предизвикан од никотинот опаѓа. Се намалува ризикот од срцев удар и згрутчување на крвта, и ако забележите, ќе видите дека стапалата и рацете ќе станат потопли.
Осум часа од последната цигара, концентрацијата на јаглерод моноксид во крвта се намалува, концентрацијата на кислород се зголемува, дишеме полесно и нашите мускули повеќе не се толку уморни.
Во текот на првиот ден без цигара, срцето ќе закрепне. Посилно ќе пумпа крв, а вашето тело ќе собере повеќе кислород.
Вториот ден ќе забележите дека храната и пијалоците имаат поинтензивен вкус, она кое што одамна сте го заборавиле бидејќи штетните материи од цигарите го намалиле чувството за вкус и мирис.
Сепак, вториот ден е денот кога се јавува првата сериозна криза. Телото работи напорно за да се ослободи од сите штетни материи кои останале во наследство од пушењето, нервозни сте и “жедни сте за само уште еден дим”.
Но, ако навистина одлучите да се откажете од пушењето, треба да издржите. Пијте многу вода, јадете овошје и зеленчук и останете надвор колку што можете.