1. Сите типови на кожа се чувствителни 
Ако мислите дека само луѓето со сува или масна кожа може да почувствуваат негативен ефект по спиењето со шминка тогаш не сте во право.
Дерматолозите велат дека воопшто не е препорачливо дури и кога сте најуморни да заспиете со шминка на лицето без разлика за каква кожа се работи.

2. Спиењето со шминка го забрзува стареењето на кожата
Во текот на денот кожата на лицето е изложено на многу бактерии, природни метаболички процеси, загаден воздух и слично, сето ова има лошо влијание на кожата.
Различните производи и шминката што ја нанесувате на кожата спречуваат важна улога на микроциркулација која помага во обновување на кожата, велат дерматолозите.

3. Појава на проширени пори
Спиењето со шминка ја блокира кожата и порите и прави да се наполнат со маснотии во внатрешноста. Тоа предизвикува бактериите да созадат акни и проширени пори.

4. Паѓање на трепките
Доколку постојано носите маскара и воопшто не ги одмарате макар и на неколку часа, тие ќе ја изгубат густината, а особено ако спиете со маскара. Пред спиење задолжително отстанете ја маскарата.

5. Евтината шминка има уште полош ефект врз кожата
Не штедете на препарати за вашата кожа, особено ако се работи за нешто што секојдневно го користите. Кавлитетот на производите игра голема улога во изгледот на вашата кожа, без разлика дали се работи за крема, пудра или пудра во прав. Висококвалитетните производи за шминка имаат подолг рок на траење, имаат заштитен фактор и многу подобар ефет врз кожата.

6. Ако спиете со кармин нема да имате меки усни
Ако спиете со сјај или кармин тогаш бидете сигурни дека вашите усни нема да бидат меки и нежни. Користете балзам за усни пред да заспиете.

Обидете се пред спиење задолжително да ја отстраните шминката без разлика колку сте изморени и колку е доцна. Негата на лицето и кожата е од големо значење особено за жените, а исто така открива многу и за нивната посветеност кон самите себе.