Швајцарија го намалува времетраењето на карантинот за да и помогне на економијата

Со цел да се помогне на економијата, во Швајцарија карантинот се намалува на пет дена откако омикрон варијантата се рашири низ земјата, објавија денеска швајцарските власти. На дневна основа во…

Со цел да се помогне на економијата, во Швајцарија карантинот се намалува на пет дена откако омикрон варијантата се рашири низ земјата, објавија денеска швајцарските власти. На дневна основа во Швајцарија се заразуваат десетици илјади луѓе и тоа со многу заразната омикрон варијанта. Одлуката за намалување на времетраењето на карантинот била донесена во вторникот од страна на тамошните здравствени власти.

Официјалните лица стравуваат дека бранот на пандемијата може да го преоптовари здравствениот систем во земја каде што две третини од населението се вакцинирани двапати, а 30 проценти исто така добиле дополнителна доза од вакцината. Владата, исто така, предложи продолжување на ограничувањата на јавниот живот, заострени минатиот месец до крајот на март и воведување задолжителна вакцинација, како и во соседна Австрија.

– Епидемиолошката состојба е критична и тешко може да се процени, соопшти Владата.

Владата очекува зголемување на бројот на хоспитализирани поради многу големиот број заразени, иако варијантата Омикрон се чини дека е помалку опасна. Денеска се потврдени 32.881 новозаразени.


Related Articles