Кога се земаат во предвид проблемите што ги создава хипертензијата, на прв поглед изгледа дека нискиот крвен притисок е всушност сакана состојба.

Меѓутоа, за многу луѓе, особено жените, хипотензијата создава непријатни симптоми како недостаток на енгергија, поспаност, умор, лоша концентрација и вртоглавици.

Најчесто овие симптоми се јавуваат одделно и значително се изразени ако изненадно се случи пад на притисокот.

Хипотензијата може да се јави за време на одмор во претопла просторија или предолга изложеност на сонце, дехидрација, бременост, физички замор и земање на одредени лекарства како антидепресиви, антихипертензивни лекови и лекови за срцето.