Во училиштата наместо да биде прекината наставата, а за градинките исто да се преземат соодветни мерки, се продолжува по старо, иако бројот на заболени е се поголем.

По одлуката дека само ќе се следи состојбата граѓаните револтирани. Жителите на Ѓорче Петров се загрижени бидејќи во оваа општина освен грипот има и други проблеми. Во оваа општина во градиниките и училиштата не е едиснтвен проблем грипот. Во градинката Росица ја има бактеријата мрса, во училиштето Мирче Ацев инфективна мононуклеоза.

-Замислете каде ги праќаме децата во градинка и во училиште. Таму нема основна хигиена, вели загрижено родите на дете од училиштетпо Мирче Ацев.

Мрсата е бактерија која ако успее да навлезе во телото, и тоа најчесто преку исекотини или други рани и таму почне да се размножува, ќе предизвика инфекција пратена со различни симптоми зависно од местото на инфекцијата. Може да се манифестира како инфекција на кожата (пратена со мозолчиња и чиреви), воспаление на белите дробови до сепса.

Инфективната мононуклеоза, која се нарекува и “болест на бакнувањето”, е заразна болест најчесто предизвикана од Епштајн-Баровиот вирус во околу 90% случаи. Кај заразените деца, инфекцијата може да помине без симптоми. Кај заразените возрасни вирусот ќе ги предизвика оследниве симптоми во 25-75% случаи: повишена телесна температура, зголемени лимфни јазли и воспалено грло.

Поради целата оваа ситуација граѓаните на Ѓорче Петров се огласија и на социјалните мрежи.

Да се превземе нешто со епидемијата од грип која владее во градинките и училиштата во Ѓорче ПетровНе знам зошто се молчи до таа мера, кога евидентно е дека половина класови се отсутни од настава, а групите во градинките се скоро па доведени на минимум.
Зошто се инсистира на настава по секоја цена ?Зарем треба да се повтори случајот со ОУ Страшо Пинџур во Даме Груев кога се прогласи епидемија на жолтица ? Кружи шпекулација дека во градинката Росица во Хром се појавила мрса. Апелираме до надлежните институции и одговорните раководители веднаш да превземат мерки додека не е предоцна!
Да се повикаат родителски средби и совети на родители, а не да се бега од оваа тема! Не може да се одржи стабилна состојбата кога воошто не се внимава на примарното здравство ниту на превенцијата на епидемијата од грип, кога во овие установиу нема ни елементари услови за хигиена,а ние како родители собираме пари за сапун! Нека се превземат мерки додека не е предоцна!, се вели во апелот објавен на Фејсбук страна на организиарни граѓани од општината.