Деновиве во јавноста протече информација дека на повидок е нов грабеж тежок десетици милиони евра од страна на Владата.

Граѓаните овие денови се сведоци на измама од големи размери поврзана со проектот за Системот за итна хеликоптерска медицинска помош и Хеликоптерски услуги за потрага и спасување или попознати како САРХЕМС.

Според информациите кои протекоа деновиве станува збор за измама каде што главен владин играч зад договорот за јавно приватно партнерство е десна рака на Зоран Заев поточно генералниот секретар, Драги Рашковски, а од друга страна стои извесен Саша Ѓаковиќ, кој ја основа фирмата во Република Македонија само 24 дена пред самата влада да го распише Јавниот повик. Фирмата која што е избрана на повикот и формирана 24 дена пред да биде истиот распишан, проектот на Заев, САРХЕМС.

Сомневања постојат во самата физибилити студија за целиот мистериозен проект, имено според информации самата студија ја има изработено професор машински експерт, каде што се поставува прашањето колкаво искуство има професорот во областа воздухопловство. Во оваа физибилити студија не е наведена цената на час летање со хеликоптери, а не се споменува ниту дали фирмата ќе има обврска да изведе одреден број на летови.

Цената на овој скандалозен договор изнесува 9 милиони евра годишно, кој е на минимум на 8 години. Тука станува збор за  точно 72 милиони евра. Во студијата се предлага на приватниот партнер да му се отстапи на користење и Центарот за обука на пилоти во Петровец, инфраструктурата, хангарите, и опремата на центарот кои вредат околу 10 милиони евра.

По сите овие податоци граѓаните сакаат да знаат зошто со вакви услови во договорот државата ќе плаќа  дополнителни 72 милиони?

Поскандалозно е што во студијата се предвидува владата да го овласти приватниот партнер да прибира надоместоци и такси согласно позитивните законски прописи во Република Македонија. Кои надоместоци и такси , не се наведува, но, се остава простор, партнерот да бил „ИНОВАТИВЕН“.

Партнерот може да избира меѓу нови приходи создадени од туризмот, патници кои транзитираат на аеродромите во Република Македонија, дел од средствата од прелети на воздухоплови, па дури и процент од наплатата на патарини.

По сите овие информации околу овој скандалозен договор очигледно е дека не биле вклучени од МВР, односно хеликоптерската единица во МВР, Бидејќи согласно законот за внатрешни работи тие се надлежни и тие имаат единствено ингеренции да постапуваат во вакви случаи. Значи она што владата се обидува на овој криминален начин да го даде на приватна фирма во овој момент, хеликоптерската единица на МВР го прави бесплатно за сите граѓани во Република Македонија.

Прашање кое се поставува е и дали агенцијата за цивилно воздухопловство е консултирана за сето ова што се случува при М-НАВ, бидејќи еден дел од надоместокот е планирано да биде од патничкото карта на аеродромите каде што го вклучува интересот секако на концесионерот на аеродромите.

Друго прашање кое што се јавува е  зошто во постапката каде што учествувале 9 лица најмалку двајца одбиле да го потпишат извештајот од спроведената постапка истите доставуваат издвоени мислења бидејќи не се согласуваат со начинот како истата е водена. Издвоените мислења од членовите на комисијата од различни државни институции се класифицирани за да не може јавноста да дојде до нив и да види всушност за што има забелешки членовите на комисијата.

За да се лета со еден од тие хеликоптери потребно посада од двајца пилоти. За да бидат тие на располагање како што кажуваат од владата 24/7, потребно е да има најмалку 8 посади, тоа се 8 стручни обучени пилоти кои ќе треба да изведуваат овој вид на операции во случај на search and rescue и на helicopter emergency service. Истиот персонал кој што се наведува во договорот дека треба да биде преземен од армијата и полицијата. Дали тоа значи дека ние бесплатно ќе ги отстапиме нашите обучени пилоти кои што ги имаме во армијата и полицијата? На кој начин ќе се направи тоа? Законот за работни односи, законот за полиција, законот за АРМ стриктно ги пропишува правилата на кој тоа може да се направи, односно не може да се направи. Тие луѓе ќе дадат отказ, ќе преминат да работат таму.

Многу прашања, а одговори од владата ги нема никаде. Јавноста без добиените одговори од надлежните се сомнева дека станува збор за уште еден во низа од огромните криминални договори на владата. Бидејќи оваа влада за овие три години единствено што стори е за доброто на нив и нивните семејства, парите од државата да остануваат во нивните џебови.

Опозицијата ги обвинува за овој криминал кој тежи десетици милиони евра, и вели дека на сето ова крај ќе се стави на најавените предвремени парламентарни избори кои треба да се случат на 12-ти април.

По сето ова останува јавноста да чека и да се надева дека владата ќе одговори на низа дилеми и прашања кои се појавија по обелоденување на скандалозниот договор за проектот за Системот за итна хеликоптерска медицинска помош и Хеликоптерски услуги за потрага и спасување или попознати како САРХЕМС.

Дали ова ќе стане еден вид на весела математика на Рашкоски, како пред две години што се обидуваше преку фб пост на граѓаните да појасни дека кога за електирчна енергија се воведе евтина тарифа. Со објаснување дека граѓаните трошеле 2.000 денари со помош на воведување на евтина тарифа граѓаните ќе заштедат неверојатни 300 денари во нивниот семеен буџет.

“Скриено покачување” на минималната плата

Минималната плата се покачи на 12.000 денари.

Радиодифузната такса се укинува. Тоа значи дека на едно семејство ќе му останат во буџетот повеќе 225 денари месечно (190 денари такса и 35 денари провизија за налог)

Аналогно на тоа минималната плата изнесува 12.225 денари

Се воведува евтина тарифа на струјата. Ако во просек едно семејство троши 2.000 денари месечно за струја, преку соодветно трошење тој износ многу лесно може да се намали на 1700 па и помалку. Тоа значи дека 300 денари остануваат повеќе во семејниот буџет.

Аналогно на претходното, минималната плата изнесува 12.525 денари.

Така почнува да се одмотува спиралата.

Така парите ги враќаме кај граѓаните.

Како звучи тоа пластично:

Одите во бутик да купите кошула (радиодифузната такса). Онаа која Ви се допаѓа е 225 денари. Одите на каса да ја платите и сопственикот Ви кажува дека поради домаќинското работење може да си дозволи да ве почасти со кошулата. Вие ем ја имате кошулата, ем си одите дома со 225 денари, кои доколку не Ве почастел сопственикот на бутикот тие средства ќе ви беа потрошени..

Вие ем ги имате услугите на радиодифузија, ед државата поради своето работење може да си дозволи да Ве “почасти”, – стои во фб статус на Рашковски објавен на 10 септември 2017 година.

Останува само да увидиме колку е ефективна „веселата математика“ на Рашковски, дали повеќе пари ќе останат за државата или пак за неговите џебови.

За овој скандал преку социјалните медиуми се изјасни и Ивор Мицковски каде што вели дека по спиралата на Рашковски, граѓаните ја добија и елисата на матниот лик кој што ќе инвестира секоја година по 9 милиони, а за возврат да не добие ништо од државата. Додека постојат „Пуцко Петрол“ и слични не треба да се верува на смешните објаснувања на владата.

„После спиралата на Рашковски, ја добивме и елисата на овој мутен лик. Кој ќе ти инвестира секоја година по 9 милиони евра, а за возврат да не добие ништо од државата. Јебига додека постои Пуцко Петрол и сличните, не ви верувам на смешниве објаснувања“- стои во статусот на Мицковски.

Рашковски за да се оправда на граѓаните на Република Македонија продолжува со својата смешна весела математика во која што тој самиот си верува.

„Адекватна алокација на ресурси:

0 денари трошок на буџетот

0 денари трошок за граѓаните

0 денари трошок за градење на хелиодроми

2 хеликоптери после 8 години остануваат во сопственост на државата

24/7 хеликоптерска услуга за спасување и медицинска помош

Секој број помножен со 0 дава 0

Само во главите на оние кои се навикнати да грабаат од државата, наместо тоа е 72 милиони евра.

Тоа само кажува дека да беа тие на власт овој проект ќе го наплатеа 72 милиони евра“ – стои во статусот  на Рашкоски.

По низа информации поврзани со овој скандал, граѓаните се повеќе веруваат дека владата во заминување се обидува преку злоупотреба на функции да ја ограбат државата, но сепак за сето ова мора да постои одговорност, бидејќи за секое сторено кривично дело мора да се одговара пред законот кога тогаш.