Наставата преку телевизија и преку интернет воведена во Словенија поради Ковид-19 ќе продолжи и во наредните две недели и покрај олеснувањето на епидемијата, со постепено отворање градинки и училишта што се планираат од 15 мај. Тоа го најави синоќа министерката за наука, образование и спорт Симона Кустец.
Во школски клупи ќе се вратат учениците од првите три одделенија во основните училишта, матурантите, учениците со посебни потреби и оние кои треба да ги подобрат оценките. Сепак, образованието на далечина треба да се смета на почетокот на следната учебна година, рече министерката.
Ќе се отворат и градинките, особено за згрижување деца чии родители се враќаат на работа.
-Наставата на далечина функционираше релативно добро во пракса, така што сметаме дека можеме успешно да ја завршиме учебната година, рече министерката Кустец.
Според епидемиолошките препораки, во училницте ќе треба да имаат помалку ученици, една паралелка најверојатно ќе биде поделена на два, ќе треба да се обезбедат доволно средства за дезинфекција и редовно проветрување на просторот, а задолжителни маски се потребни само за ученици над 12 години.