Стручната комисија од страна на Министерството за здравство во однос на случајот со родилката на која и беа извадени три органи откако отишла во струшката болница на породување, не наишла на недоследности. Единствената недоследност во овој случај е тоа што родилката Јилдиз Веапоска родила девојче, а бебето било заведено како машко.

Комисијата се формила по налог на министерот за здравство Венко Филипче, а ја сочинувале седум доктори. Според информациите кои се обелоденија по медиумите во извештајот на Комисијата пишувало дека четвртиот ден пред да биде испишана од болница состојбата на пациентката се влошила. Потоа пристапиле кон итна интервенција по што се утврдило крварење во стомакот каде се наоѓаат репродуктивните органи и бубрезите.

Како би се спречило крварењето се пристапува кон вадење на матката и левиот јајник. Крварењето не запира, повикан е конзилијарен хирург и е утврдено дека лево ретроперитонеално има хематом што довело до сомнение за крварење во пределот на бубрегот. За да се спречи крварењето е пристапено кон отстранување на левиот бубрег, како би се спасил животот на пациентката,  навела стручната комисија.

Комисијата заклучила дека вакви компликации при гинеколошко акушерски операции се ретка, но сепак се случуваат.