Со две клучни, едноставни и здрави состојки можете да ја победите настинката за само два дена. Решението се крие во вашата кујна и време е да го пробате овој едноставен и вкусен рецепт.

Благодетите на медот се добро познати, а циметот се смета за еден од најздравите зачини. Но комбинацијата на овие две состојки е навистина бомбастична, особено кога станува збор за настинка. Овој напиток го зајакнува имунитетот и помага при замор, хронична кашлица и настинка и ги чисти синусите.

Двете состојки на овој рецепт делуваат антивирусно, антибактериски и антиифламаторно, но и моќно против разните облици на габични инфекции. Потребни состојки:

1 голема лажица мед

2 лажички цимет во прав

Начин на подготовка: Во еден децилитар млака вода помешајте мед и цимет, мешајте додека да се стопи медот. Напитокот пијте го два пати дневно, најдобро три дена по ред. Истото можете да го направите и без вода. Во чаша помешајте мед и цимет, а ако ви е полесно направете си поголема количина за неколку дена.