Во текот на денешниот ден Сојузот на здруженија за дијабетичари, упатија апел до државата за проблемот со кој се соочуваат. Станува збор за недостаток на одредени инсулини на територијата на цела Македонија, поради што лицата со дијабет чувствуваат несигурност и страв од можни компликации токму поради недостатокот на нивниот неопходен лек со кој се одржуваат во живот.

Од сојузот упатија барање за навремена и континуирана достава на инсулин на територијата на целата држава, во услови на COVID-19 пандемијата.

– Прогласувањето на пандемијата со ковид-19 во РС Македонија, сите заедно сме исправени пред многу предизвици. Ние како Сојуз кој обединува сите лица со дијабетес, се обидуваме во овие тешки услови да дадеме сѐ од себе за регулирање на основната состојба – дијабетесот, но и да не дозволиме да се развијат компликации или пак тие да се влошат. Лицата со дијабетес, кај децата и адолесцентите и нивните семејства, чувствуваат огромна несигурност, во последните 2 – 3 месеци со недостаток на одредени иснулини, кои се потврдуваат на делови од територијата на државата – се вели во денешното соопштение од Сојузот.

-Имено, силно се надеваме дека, нашето БАРАЊЕ за решавање на оваа состојба, за навремено и целосно достапен ИНСУЛИН до секој пациент, ќе биде надмината во најкраток можен рок, во интерес на здравјето на сите лица со дијабетес, а со тоа и во инетерес на јавното здравје, велат од сојузот.

На крајот тие порачуваат: Да потсетиме дека ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ не е ниту „БИЗНИС“ ниту пак „ПОЛИТИКА“!