Сокот од морков е одлично природно средство за чистење на организмот од штетни материи и помага при лошо варење на храната, а како прва помош можете да го користите при појава на желудочни киселини.
Оваа непријатност се засилува ако пиете кисели пијалаци, па за да ги ублажите заменете ги цитрусните и јаболковите сокови со пијалаци од зеленчук, а најдобар избор е сок од морков.
Приготвувањето е многу едноставно – 400 г моркови измијте ги, исчистете ги со четка, исечет ги на парчиња и изблендирајт ги во блендер.
Сокот пијте го во мали голтки. Одлично ја неутрализира желудочната киселина и ја воспоставува нормалната функција на желудникот.