Во лабораторија во Ниш ќе проверуваат дали некој македонски државјанин или странец кој бил во Кина е заболен од смртоносниот корона вирус. Нашите ќе праќаат анализи за проверка во Србија се додека наредната недела не пристигнат дијагностичките тестови што ги нарачале здравствените власти. Министерот Филипче за Сител потврди дека ваков договор имал со неговиот српски колега Лончар. Епидемиолозите во Македонија се на готовс бидејќи деновиве треба да се вратат група од македонски граѓани кои работат во Кина, но биле на 1000 километри оддалеченост од жариштето на вирусот. По нивното пристигнување ќе проценат дали има потреба да бидат под надзор.
Засега функционира термалната камера на скопскиот аеродром која ги проверува патниците од летовите од Истамбул и Дубаи, а според надлежнте ако има потреба ќе има надзор и на охридскиот аеордром а ќе делат информативни флаери и на граничните премини.
По Светската здравствена организација, вонредна сотојба поради коронавирусот прогласија и САД. Американскиот претседател привремено ќе забрани влез во земјата за странци за кои се верува дека би можеле да претставуваат ризик од ширење на вирусот.
– Сите државјани на САД кои се враќаат од провинцијата Хубеи во Кина, каде се појави вирусот, ќе мора да останат во карантин под надзор на државата 14 дена, изјави Алекс Азар секретар за здравство на САД.
Освен Америка, итен состанок поради корона вирусот свика и бугарскиот премиер Борисов, Британија ги повлекува дипломатите од Кина а прв случај на болеста регистриран и во Шпанија.
Од смртоносната болест досега има над 250 починати и околу 12 000 заразени, а 252 биле успешно излекувани.
Италија, Шведска, Русија се само дел од листата на земји која постојано се шири со нови региони каде пријавуваат заболени случаи од коронавирусот.