Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет степени, а дневната температура ќе се движи од 17 до 26 степени.

Во Скопје денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 25 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на стабилно време, освен во недела кога ќе има услови за попладневна локална нестабилност со краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст.