Времето во земјава ќе биде сончево и топло, во северните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, а особено во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 13, а дневната од 22 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност и со умерен ветер од западен и северозападен правец, кој на моменти ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Продолжува периодот на значително топло време, особено од четврток, кога ќе има и извесно зголемување на облачноста. Од среда ќе дува умерен јужен ветер.