Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 144.014 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 5.395, а оздравени се 70.920. – Бројот на случаите со коронавирус во…

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 144.014 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 5.395, а оздравени се 70.920.

– Бројот на случаите со коронавирус во Турција се зголеми на пет лица, изјави министерот за здравство Фахретин Коча.

– Во Германија се потврдени два смртни случаја од коронавирусот. Бројот на заразени во Германија се искачи на 3.481, а починати се осум лица.

– Канадскиот премиер Џастин Трудо им се обрати на сите Канаѓани да ги намалат патувањата надвор од земјата. Трудо додаде дека сезоната на крстарење ќе биде одложена до јули.

– Во Италија во последните 24 часа се забележани 2.116 нови случаи заразени со коронавирусот, а починати се 250 лица. Вкупниот број на позитивни случаи во Италија е 14.955.

– Австрија воведе две црвени зони. Поради брзото ширење на Ковид-19 во некои од регионите на Австрија, особено во регионот Тирол, во карантин ќе бидат долината Пазнаун и Сеинт Антон ам Арлберг. Странските државјани имаат дозвола да ги напуштат овие области. Тунелот Арлберг останува отворен. Австријците кои се наоѓаат во овие области ќе бидат две недели во домашен карантин, известува Куриер.

– Во Шкотска е забележан прв смртен случај поради коронавирусот.

– Во Косово се потврдени првите два случаја на заразени со коронавирусот.

– Поради пандемијата од коронавирусот, се затвора Ајфеловата кула во Париз.

– Русија од понеделник ќе го ограничи бројот на летови кон Европската Унија.

– Норвешката воздухопловната компанија „Норвежиан Ер“ известува дека поради пандемијата привремено ќе откаже 4.000 летови и времено ќе отпушти половина од работниците.

– Во Велика Британија досега се заразени 798 лица, а починати се 11 од Ковид-19.

– Во Франција досега се починати 79 лица, а пријавени се 800 нови случаи заразени со коронавирусот.

– Данска утре ќе ги затвори границите, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.

– Вкупниот број на заразени лица од коронавирусот во Србија е 35, од кои двајца се во критична состојба.

– Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси изјави дека Конгресот ќе ја усвои мерката што ќе обезбеди бесплатно тестирање на коронавирусот, две недели платен одмор и подобро осигурување во случај на невработеност.


Related Articles