Состојбата во светот со коронавирусот надмина 26 милиони заразени

Состојбата во светот со коронавирусот надмина 26 милиони луѓе. Точниот број на заразени според податоците на worldometers.info/coronavirus/ достигна 26 209 390 лица, а 868 034 се починати. 18 468 775…

Состојбата во светот со коронавирусот надмина 26 милиони луѓе. Точниот број на заразени според податоците на worldometers.info/coronavirus/ достигна 26 209 390 лица, а 868 034 се починати. 18 468 775 се оздравени, а активни се 6 872 581 случаи.

Во критична состојба се наоѓаат 60 586 лица, а 6 811 995 случаи имаат поблага форма на вирусот.

Коронавирусот зафати 213 држави и територии. Состојбата е најтешка во САД каде 6 291 032 луѓе се заразени со вирусот, 189 991 се починати, а 2 553 595 се активни случаи.

На второ место е Бразил со над 3,9 милиони заразени и 122 941 починати, а на трето место е Индија со над 3,8 милиони заразени и 67 486 жртви.

Само Русија сè уште има повеќе од милион пациенти, поточно 1 005 000. Во таа земја, сепак, бројот на смртни случаи е значително помал, 17 414.


Related Articles