Пченицата се исфрла од некои диети, како што е на пример палео диетата, а не смеат да ја консумираат ни луѓето чувствителни на глутен.
Меѓутоа, многу е застапена во медитеранската исхрана, која е позната по тоа што е многу корисна за здравјето.
Одлична е за здравјето на цревата, кои се изворот на нашиот имунитет, го поттикнува метаболизмот и содржи железо, цинк, селен, како и витамин Б.
Состојки:
- 1 кг пченица
- 50 грама суво грозје
- 50 г ореви
- 50 г лешници
- 50 г бадеми
Приготвување:
- Потопете ја пченицата прекуноќ, па утредента полека варете ја најмалку три часа.
- Полека долевајте вода, да не биде премногу.
- Сомелете ги оревите, лешниците и бадемите.
- Пред крајот на варењето, додајте ги во житото и варете уште десетина минути.
- Оладете го и чувајте го во фрижидер.
- Јадете кога ќе почувствувате глад, со малку мед, цимет или какао во прав.
- Може да додадете и малку цимет и мускатно оревче.