Спанаќот од стаклена градина е хранливо осиромашен, а содржи и зголемена количина на хемикалии неопходни за одгледување…

Иако во текот на целата година можеме да ги најдеме скоро сите видови на свеж зеленчук, некои би требало да се избегнуваат вон сезоната. Ова особено се однесува за спанаќ од стаклена градина, предупредуваат нутриционистите.

Поради тоа, во есен и зима, не го консумирајте во голема мера, иако се смета за „крал на зеленчукот“. Во неговото кралство, богато со витамини А, Б1, Б2 и Ц, како и минерали (магнезиум, железо, калиум, калциум, натриум, фосфор, бакар, цинк, јод, кобалт и манган), треба да се влезе на пролет.

Спанаќот е нискокалорична намирница која може да се јаде во неограничени количини. Само, поради присуството на оксална киселина, не треба да го консумираат пациенти со бубрежни проблеми.

Најдобро е да го подготвите со млеко и да го комбинирате со млечни производи, а никако со јајца, затоа што спанаќот ја отежнува ресорпцијата на железо од јајцето.