Најновите истражувања покажуваат дека луѓето кои премногу спијат, им се заканува во просек 30 проценти поголема веројатност за предвремена смрт.

Научниците собрани во American Heart Association ги користеле податоците собрани за потребите на 74 претходни студии.

Севкупно, биле вклучени повеќе од 3,3 милиони испитаници, и се покажало дека предолгиот сон може да биде предупредувачки знак за потешкотии со здравјето.

Според новите резултати, премногу долг сон бил поврзан со просечно 49 проценти поголем ризик за смрт од кардиоваскуларни болести.

Истражувачите велат дека луѓето кои во просек спијат повеќе од 10 часа им се заканува 56 проценти поголем ризик за смрт од мозочен удар, пренесуваат медиумите.