Долго најавуваниот новиот Клинички центар кој што граѓаните го чекаат не се знае со сигурност ниту каде ниту пак кога ќе почне да се гради, а уште помалку кога ќе биде готов.
Министерството за здравство неколку пати се предомислува, новиот Клинички центар нема да се гради во Бардовци, како што беше најавено, ниту до Злокуќани под скопската обиколница.
Да потсетиме дека во четвртокот премиерот Зоран Заев изјаснил дека верува до крајот на овој месец ќе се одржи дебатата со Собранието. Напомна неколку локации кои се анализираат, во Петровец, Ѓорче Петров и уште една, ама не прецизираше каде.
Денес се појави информација дека најповолна локација за изградба на новиот Клинички центар е месноста Веле Поле во Општина Ѓорче Петров според кои покажале прелиминарните резултати на работната група во која биле вклучени и архитекти.
Имено министерот Филипче во интервју за порталот „Независен“ има кажано дека плановите се на истата локација да бидат сместени и Медицинскиот факултет, соодветен истражувачки центар и кампус за студенти по медицина. Она што е важно е Клиничкиот центар да биде лесно достапен за граѓаните на Скопје и на целата држава и да им понуди современи медицински услуги. Од Банката на Советот на Европа се согласиле да го финансираат и новиот проект за изградба на Клинички центар, ама инсистирале тоа да биде по соодветната анализа. Инаку, парите што ги додели Банката на Советот на Европа од 70 милиони евра за да се гради новиот Клинички центар државава не ги повлече за да не се платат пенали.
Според секојдневните предомислувања на Филипче за локација каде ќе се гради новиот Клинички центар ќе ги остави граѓаните до 2030 година да се лекуваат во застарените објекти, а медицинскиот персонал од Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ и понатаму да работи во несоодветни услови.