Зоран Заев и СДСМ повторно ги излажаа граѓаните на Ѓорче Петров, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров.

-Во недостиг на реализирани проекти, а соочен со лажните ветувања, Зоран  Заев вети дека до крајот на 2019-та година ќе се удрат темелите на новиот  Клинички центар во Ѓорче Петров, а граѓаните на нашата општина ќе ја  добијат најголемата гринфилд инвестиција во Република Македонија. Од таа изјава помина скоро цела година, а изговорите се редеа како на  лента, за на крајот да излезе дека ниту геолошките испитувања се завршени,  ниту е направена финансиската конструкција за овој проект. На местото каде  што е предвиден Клиничкиот центар стои само ледина и плацот на  градоначалникот. Оваа мега лага може да конкурира со останатите лаги како 500 км автопати,  30.000 денари плата, 100.000 денари плата за докторите, базен во Ѓорче  Петров. Знаејќи го Заев и неговиот карактер нема да не чуди деновиве да излезе и  јавно да каже дека градбата е во напредна фаза. Владата предводена од Заев и СДСМ нема реализирано ниту еден проект во  Ѓорче Петров во изминатите три години, рече Стојановски.

Тој додава дека граѓаните на Ѓорче Петров од СДСМ и Зоран Заев добија само понижување и  газење на националното достоинство, промена на име, на Устав и  национално обезличување. За да ги затскрие своите криминали, Зоран Заев се обиде да направи чувство во кое човек да ја сака својата земја и да е патриот е на граница на злодело.

-Зоран Заев за Ѓорчепетровци е прочитана книга, а на предвремените парламентарни избори на 12-ти април ќе биде жестоко поразен и испратен во историјата. Граѓаните на Ѓорче Петров ќе изберат Обнова на Македонија и општество во  кое даденото ветување ќе се исполнува, ветените проекти ќе се реализираат и  ќе се штитат националните интереси на Република Македонија, рече Стојановски.