Руинирани амбуланти, долги листи на чекање за бесплатно лекување, дупки по улиците. Ваква е моменталната ситуација во Македонија. Граѓаните велат наместо да се фрлаат пари за непотребно славење кое чини неверојатни безмалку 180.000 евра, тие пари требаше да се искористат за подобрување на инфраструктурата во државата, да се помогне на оние кои немаат доволно средства за болничка нега, да се отворат градинки.

Во срцето на Ѓорче Петров се наоѓа општинската амбуланта кој е пред распаѓање, мувлосани sидови, валкани тоалети, и недостаток на кадар, жителите од општината револтирани, велат наместо Владата да дава пари и да слави датум за датум во ЕУ и условена покана за влез во Алијансата, надлежните институции треба да ги користат финансиите подомаќински и да вложува во она што е навистина важно за жителите, а тоа помош за лекување онаму каде што е најпотребно.

Вчера Владата испрати извештај каде стои дека се потрошиле околу 180.000 евра за прославата која беше организирана во саботата.

Доколку низ сите 15 града, вкупно се собере дека присуствувале 10.000 посетители, што спроед фотографиите објавени во медиумите, се гледа дека бројката и не е толку голема, практично секој посетител си платил по 18 евра за да се забавува на НАТО журката организирана од Владата, а финансирана од џебот на граѓаните.