Брзината на одење е исто толку важна како и бројот на чекори што ги правите во еден ден. Пешачењето10.000 чекори дневно долго време се поврзува со намален ризик од деменција, срцеви заболувања, рак и смрт, но експертите сега открија дека побрзото темпо има уште поголеми придобивки.

– Пораката што можеме да ја испратиме до луѓето е дека нашата цел не мора да биде 10.000 чекори дневно, туку да одиме побрзо“, рече д-р Метју Ахмади од Универзитетот во Сиднеј.

Се покажа дека дури и кај помалку активни поединци, дури и 3.800 чекори дневно може да го намалат ризикот од деменција за 25 проценти. Одење 9.800 чекори е оптимална дневна количина поврзана со 50 отсто помал ризик од деменција.

Според истражувањата, на секои 2.000 чекори што се преземаат постепено се намалува ризикот од прерана смрт за 8 до 11 проценти. Слични врски беа забележани и за кардиоваскуларните заболувања и појавата на рак. Важно е да се истакне дека побрзото темпо покажало позитивни резултати за срцеви заболувања, рак, деменција и смрт, повеќе од вкупниот број на чекори преземени во еден ден.

Резултатите од студијата се објавени во списанијата Jama Internal Medicine и Jama Neurology, а се заклучок од податоците добиени од 78.500 возрасни на возраст од 40 до 79 години, кои биле следени седум години.