Деновиве по електронските медиуми кружи објавениот пост на личноста Зоран кој е излекуван ковид пациент, но се уште се соочува и справува со последиците кои вирусот му ги има нанесено. Тој во фејсбук групата „Ковид-19 Искуства и совети“, го опишал своето искуство за време на сопствената хоспитализацијата на Клиниката за ОРЛ.

-Имате голема среќа што неспособниов Филипче ги укина дополнителните ковид центри. Затоа што тоа беа мртовечници, јас бев пациенти во ОРЛ од ден на ден ми беше се полошо за неполни 3 дена колку што бев таму изнесоа 4 црни вреќи. Бев сведок на човекот до мојот кревет како умира затоа што немаа никаква техничка поддршка, немаа ниту една машина за механичка вентилација. Имаа само кислород од 5 литра во минута тоа им помагаше на полесно болните и успеваа да се извлечат. Едноставно бевме оставени Господ да ни се смилува. Ете такви беа тие Ковид центри затоа постојано повторувам Филипче треба да седне на обвинителна клупа и да му се суди, објавил Зоран.

Пациентот посочил дека со соочува со проблеми околу термините за понатамошните постковид прегледи, за кои истакнал дека ги нема во системот. Тој прележал тешка форма на Ковид-19 и морал да плати баснословна сума на пари за да му го спасат животот во Клиниката Жан Митрев. Здравството ни е во еден голем катастрофален колапс, на Мој Термин за сите поважни клиники Кардиологија, Пулмо и мн други нема термин, посочил Зоран.