СЗО известува дека ниту една земја не им пружа шанса за нормален развој на децата во иднина. Експертите посочуваат дека глобалното затоплување и штетниот маркетинг кој охрабрува брза храна и козумирање на алкохол ги изложува децата на ризик.

Рангирани се 180 држави според условите кои ги нудат за детскиот развој, фокусирајќи се на здравствените и генерални фактори како образованието, исхраната и детскиот морталитет, за потоа да биде воведена уште една категорија – испуштање јаглеродни емисии.

Експертите предупредуваат дека температурата до 2100 година би се покачила за 4 степени Целзиусови, што ќе резултира со ужасни здравствени последици за идните генерации – покачување на нивото на океаните, топлотни бранови и епидемии на болести како маларијата.

„Повеќе од две милијарди деца живеат во земји чиј развој е расцепкан од сиромаштија, конфликти, природни непогоди и климатски промени“, изјавилa министерката Ава Кол Сек од Сенегал, која исто така е дел од комисијата.

Додека најсиромашните земји во светот се последни во испуштање на јаглеродни емисии, тие се најизложени од негативното влијание на климатските промени.

Во 2015 година, државите се согласија на 17 заеднички цели кои вклучуваа борба со гладот, пад на сиромаштијата и акции против климатските промени, но пет години подоцна, Земјата сè уште е многу далеку од целта.

Алармите се на највисоко ниво, децата се тие кои се иднината, но условите за детскиот развој кои ги нудат земјите се уште не гарантираат безбедна иднина.