Африка се соочува со нов бран на коронавирусот. СЗО предупреди дека поради доцнењето на вакцините, бавната вакцинација и новите видови на соеви може да се предизвика нов трет бран на вирусот.

– Одложувањата во испораката на дози на вакцини од Индискиот серумски институт во Африка, доцнењата во испораката на вакцини и појавата на нови видови, значат дека ризикот од нов бран инфекции останува многу голем во Африка, се вели во соопштението.

СЗО исто така соопшти дека некои африкански земји биле примерни во давањето вакцини, но не ги именуваше. Сепак, се додава дека досега се дадени само нешто помалку од „половина од испорачаните 37 милиони дози во Африка“.

Африка сега учествува со само еден процент од дозите на вакцини дадени на глобално ниво, соопшти СЗО, во споредба со два проценти пред неколку недели, бидејќи вакцинацијата во другите региони напредува многу побрзо.