Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека индискиот вид на коронавирус е официјално пријавен на 53 територии. Од неофицијални извори, СЗО дознава дека варијантата Б.1.617 е пронајдена на уште седум територии, со што вкупниот број е зголемен на 60.
Бројот на нови инфекции и смртни случаи од ковид-19 продолжи да опаѓа минатата недела, бидејќи беа регистрирани повеќе од 4,1 милиони нови случаи и 84.000 смртни случаи, што е намалување за 14 проценти, или за два проценти во споредба со претходната недела.
Во европскиот регион, СЗО забележа најголем пад на бројот на заразени и мртви во последните седум дена, по што следи Југоисточна Азија.