Светската здравствена организација (СЗО) за в среда свика вонреден состанок за да процени дали треба да прогласи меѓународна вонредна состојба поради појавата на новиот вирус во Кина.

Агенцијата на ОН го најави состанокот откако експертите потврдија дека корона вирусот може да се пренесе од човек на човек.

Комитетот за вонредни состојби на СЗО може да издаде препораки за здравствена политика в среда и да повика на меѓународни мерки за објавување глобална вонредна состојба, соработка и финансирање во борба против вирусот.

Стручниот тим на Националната здравствена комисија на Кина потврди дека е регистриран пренос на новиот корона вирус од човек на човек и дека е заразен медицински персонал, јави кинеската државна новинска агенција Синхуа. Болеста има симптоми што наликуваат на воспаление на белите дробови, вклучително и зголемена температура и проблеми со дишењето.