Македонската компанија Термо Систем прослави дваесет години постоење на македонскиот пазар. Компанијата, во своите почетоци, е формирана како фирма за увоз, трговија, инженеринг и изведба на инсталации во областа на греењето, климатизацијата, водоводот и соларните системи.

Сопственикот на Термо Систем, Саша Стојановиќ, вели дека поминале две децении исполнети со разни предизвици, подеми и падови.

„Денеска славиме 20-годишнина! Две децении исполнети со секакви предизвици, подеми и падови и акумулирани искуства кои се надевам ќе бидат вредни во годините што доаѓаат. Во сите овие 20 години, покрај сите деловни и финансиски успеси, наше најголемо богатство се луѓето. Луѓето кои некогаш беа дел од овој тим, луѓето кои останаа со нас низ годиниве, новата и свежа крв што не зајакна во последниот период и секако нашите партнери, соработници, пријатели и поддржувачи на Термо Систем. Без овие луѓе ништо од ова немаше да биде возможно“, вели Стојановиќ.

Дваесетте години постоење, Термо Систем ги одбележа во новиот продажен и изложбен простор на 5.000 метри квадратни, изграден во време на корона пандемијата. Овој мултифункционален простор одговара на барањето на купувачите за иновативни системи со висока енергетска ефикасност и за клиентите кои уредуваат или инвестираат во деловни или станбени објекти. Во својата широка палета, Термо Систем нуди производи од светски познатите брендови Giacomini, Ariston, Galletti, Fondital од Италијa, Siemens, Bosch, Wilo, Rothenberger, Аquatherm од  Германија, како и многу други производители на опрема во овој сегмент од целиот Балкан.

Стојановиќ порача дека треба да се продолжи со напорна работа, стремеж кон повисоки цели и создавање на компаниската иднина. „Посакувам уште многу години успех во работата и секако раст на ТЕРМО СИСТЕМ!“, порачува Стојановиќ.