Јани Макрадули заедно со власта пробуваат предизборно да се позиционираат и престават како светци во однос на справувањето со отпад и подобрувањето на квалитетот на воздух за скопјани, меѓутоа и секаде каде што ќе стигнат низ Македонија.
До нашата редакција пристигнаа неколку фотографии на кои се посочува и гледа создавање на голема депонија, склад на отпад кој власта пробува да го скрие од очите на јавноста. Оваа ново никната депонија е еколошка бомба за местото каде се наоѓа. Ваквата еколошка катастрофа е лоцирана во близина на градот Гостивар, поточно помеѓу градовите Тетово и Гостивар, станува збор за село Неготино, едно од селата во општина Врапчиште.
ДЕПОНИЈА, СЕЛО НЕГОТИНО, ОПШТИНА ВРАПЧИШТЕ, ГОСТИВАРСКО.
По се изгледа Јани Макрадули и целата влада прават се само за да ги добијат гласовите и благонаклонетоста на граѓаните во предизборниот период што следи, па се подготвени и вака големи количини на отпад да ги стават под тепих само за да успеат уште еднаш да го излажат и изманипулираат македонскиот и албанскиот народ за нивни лични цели и профит. За договорени албански гласови власта ќе направи се, меѓутоа нема да го подобри квалитетот на воздух и живот во ваквите средини, што најмногу му значи е битно да селаните од овие средини.
Народот порачува дека оваа власт и Макрадули не прават ништо за справувањето со отпадот, филтри на фабриките, ПМ 10 честичките, излевање на токсичен отпад од фабриките во речните корита како и за подигнувањето на еколошката свест и екологијата како дел од секојдневното живеење, невладините организации не ги толерират ваквите работи, се огласуваат протестираат, гласно реагираат на социјалните мрежи.
ДЕПОНИЈА, СЕЛО НЕГОТИНО, ОПШТИНА ВРАПЧИШТЕ, ГОСТИВАРСКО.
Гласови така не се добиваат, се додека не мислите на нашата иднина и подобра, почиста и поздрава средина за живеење, ние граѓаните на Македонија нема да мислиме на вас. Кој ќе даде решение и ќе застане цврсто во борба против секојдневните загадувачи и отпад ќе ја има нашата наклонетост и нашиот глас – порачаа граѓаните и од невладиниот сектор преставници со кои исконтактиравме.
Потребна е итна промена на борците за екологија кои ја застапуваат страната на власта, бидејќи не работат ништо!