До среда, 27. јули подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури.

Од УХМР информираат дека на целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.

И во Скопското подрачје до крајот на овој период ќе биде многу топло и ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.

Како што најавуваат од УХМР, в среда во попладневните и вечерните часови ќе има зголемена облачност и услови за локален пороен дожд и грмежи.