Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД сами ќе произведат големи количества од респиратори, заштитни маски и друга медицинска опрема во случај на идни закани по здравјето.

За време на посетата на Центарот за дистрибуција на медицинска опрема во Пенсилванија Трамп кажа администрацијата нарачала речиси 200.000 респиратори и 800.000 заштитни маски N95, јавуваат американските медиуми.

Трамп соопшти дека негова цел е Америка сама да произведе се што и е потребно, а потоа и да извезува опрема, вклучувајќи и лекови.