Во Македонија не е направена ниту една трансплантација во изминативе три години, бубрези од починат донор чекаат тие што им треба, но нема. Околу 200-тини се пациентите кои се на дијализа и чекаат орган. Една од причините за застојот беше немањето на лице кое би било Национален координатор. На оваа функција Владата на последната седница ја назначи д-р Маја Мојсова од КАРИЛ. За ова место конкурирале тројца лекари.

-Владата на Република Македонија  во рамки на 78-мата седница ја разгледа информацијата за спроведена постапка по објавен оглас и го прифати предлог – решението д-р Маја Мојсова Мијовска да биде национален координатор за трансплантација.

Новиот национален координатор треба да ја заживее кадаверичната трансплантација. Досега во земјава се вршени само пресадувања на бубрези од починат донор. Прв пат вакви зафати во Македонија се направени пред три децении, а по подолг застој заживеа во 2014, но за кратко. Извесен период на Урологија немаше ниту пресадувања на бубрези од жив донор, а лани биле направени 16 вакви трансплантации.

Здравството во хаос и тоне, тоа на што треба да се обрне внимание се запоставува, пациентите го губат својот живот, единствен виновник за ваквата ситуација е Филипче!