Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска објави дека вакцината на компанијата Модерна нема да се дава како трета бустер доза против Ковид-19. Причината е неисполување на критериумите кои истата треба да ги задоволува, па затоа група советници од американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) ќе се состанат следната недела за да разговараат за конкретни препораки за тоа кој може да добие бустер доза во САД ако ФДА одобри одредена вакцина.
ФДА соопшти дека податоците за вакцината Модерна покажале дека третата доза од вакцината ги зголемила заштитните антитела, но дека разликата во нивото на антитела пред и после третата доза не е доволно голема, особено кај луѓето чии нивоа на антитела останале високи, објавија американските медиуми.
Компанијата Модерн бара овластување за бустер доза од 50 микрограми, што е половина од првобитната доза од вакцината дадена во разлика од четири недели. Тие од ФДА побарале да се дозволи трета доза за лица на возраст од 65 години и постари, како и за имунокомпромитирани, нешто слично на овластувањето дадено на конкурентската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот партнер „Бионтек“.