Три лица починаа, 16 нови заболени е денешниот епилог од вирусот Ковид-19

Во последните 24 часа регистрирани се 16 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 314 тестови. Истовремено, 14 пациенти се оздравени. Со ова вкупниот број дијагностицирани…

Во последните 24 часа регистрирани се 16 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 314 тестови. Истовремено, 14 пациенти се оздравени. Со ова вкупниот број дијагностицирани случаи во земјава достигна 2 015, а бројот на починати е 116. Новите позитивни случаи на Ковид-19 се од: Скопје-9, Штип-5, Струга-1 и Гостивар-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

 

Кај лицето кое на 24 мај, преку скринингот во геронтолошка установа во Скопје е запишано со позитивен резултат, направен е технички превид при евиденција и согласно исправката, направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. На кислородна поддршка се 25, а на механичка вентилација се 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 22 пациенти. На респиратор се 7, а со потешка клиничка слика се уште 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент, позитивни и сомнителни на ковид-19.


Related Articles