Ако излезете со мокра коса кога е ладно ќе настинете, промајата може да убие, имунитетот се подобрува со помош на чај… Постојат многу делумни вистини кога е во прашање здравјето, во кои веруваме или не, но има и такви кои се целосно погрешни.

Дознајте дали има вистина во тоа дека клима-уредот може да ве разболи, но и дали само топла вода е доволна за миење раце.

Ова се трите вкоренети митови во кои многумина веруваат, а воопшто не се точни:

Високиот холестерол им се случува на возрасните

Ако сте млади, не значи дека не треба да обрнете внимание на покачениот холестерол. Всушност, секој би требало редовно да го контролира по 20-та, а најдоцна по 25-та година. Имајте предвид дека живееме многу поинаков живот од нашите родители и баби и дедовци, па не е чудно што сè повеќе млади страдаат од висок холестерол.

Топлата вода ги убива бактериите

Топлата вода сама по себе нема ништо да направи за рацете да ви бидат целосно чисти. Важно е да користите сапун и добро да ги истриете, наместо да се изгорите од врела вода.

Климата разболува

Ако почнувате да шмркате и да се чувствувате затнато во климатизирана просторија многу е веројатно дека воздухот е застојан или филтрите треба да се исчистат. Проветрете и побарајте сервис на филтрите, пред неправедно да го обвините клима-уредот дека ве настинал.