Првиот човек на болницата „Плодност“ од Битола преку видео обраќање во јавноста информираше за состојбата на докторот кој е прв случај позитивен на коронавирус во Битола.

Д-р Таше Трпчевски информираше дека состојбата на докторот е стабилна и дека болницата „Плодност“ иако имала можност за смена на целиот кадар со цел продолжување на работа, сепак одлучиле таа да биде затворена, а сите 14 дена да се наоѓаат во самоизолација.

И министерот за здравствено, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека болницата ќе биде затворена 14 дена.