Мила Царовска, која денеска излезе на најавениот протест против изградба на групен центар за деца со попреченост во близината на основното училиште, беше бомбардирана со прашања од локалното население. Жителите се незадоволни затоа што на оваа локација бараат изградба на градинка, која, велат е попотребна.

-Вие ветивте градинка на ова место. Своето дете сакав да го запишам во градинката во Неготино, но не го примаат. Сакам да ми кажете дали јас со 200 евра примања да останам без работа и да го чувам детето дома – праша еден татко.

-Каде да ги згрижиме нашите деца? – праша друг.

-Возам секој ден по 20 километри за да го однесам моето дете во градинката во Неготино. Исто со 200 евра примања. Немам ништо против тие деца, но нашите нема каде да одат. Моето дете тука учи, каква иднина ќе гледа и што ќе научи од тоа. Нема да се случи тоа по никоја цена – порача таткото.

Жителите се побунија поради тоа што пред само неколку дена дознале дека објектот кој им бил ветен дека ќе биде градинка, ќе се намени за групен дом.

-Порталите и социјалните мрежи не направија фашисти и нехуманисти. Погледнети ги овие луѓе кои дојдоа од лозјето, ова не се фашисти. Немаме ништо против такви деца, собираме шишиња за да им помогнеме – рече мајката.

Министерката категорично рече дека во конкретниот објект не може да има градинка, затоа што не е наменет за тоа.  Речено – сторено, си држи до своето, како поинаку се министерува, со дијалог, со компромис, што ве гледам чудни, не е она министерка, па да може да го пренамени, она е царица! – кажа една мајка

-Царовска посочи, прашањата ви се одлични. Веројатно и јас би ги поставила кога не би знаела дека овој процес не е нов, не го измислив јас, ова постои 11 месеци. Од првото мое интервју, до денеска постојано го зборувам и правам истото. Сите објекти кои министерството ги посочи како можни мали групни домови се во сопственост на Министерството. Таа зграда не ги исполнува условите и стандардите за градинка – рече министерката и вети дека ќе се заложи во Тимјаник да се изгради градинка.

Со други зборови, мачкање очи на населението, кој ако не министерката може да одлучи што ќе се гради, па и да е кажано дека ќе биде дом за деца со посебни потреби се излезе на лице место се види дека локалното население има потреба од градинка, ќе се одлучи градинка да се изгради, децата се нашата иднина, домот или ќе се најде друга локација на или близу тоа место или ќе се дислоцира – посочи еден од родителите

Залудни се ветувањата министерке ја дознавме твојата вистинска намера и цел, нема да не предомислиш, ова не е од сега од пред 11 месеци е, па посекако дека е од сега, откако ти дојде во фотељата на МТСП, па сега се исправаат криви дрини, – посочи друг татко.

Што сака нека биде ама царицата решила тука да има дом за деца со посебни потреби и тоа сега е приоритет како и се останато што е небитно во државата. Не дека домот на овие дечиња нема да им помогне или пак дека не треба, меѓутоа да се инсистира да се гради вакво нешто, без согласност на локалното население е сулудо, згора на се на лице место се доаѓа до заклуучок дека има потреба од градинка, наместо министерката да го реши ова во најдобар случај за сите со најдобар можен исход, таа како царица на МТСП царува, не ги реши работите со социјалците, не им ја зголеми помошта, сеуште не ги тргна ромите просјаци од раскрсниците и да ги инволвира, да ги вметне во едукативниот процес, се друго е топ, па сега остана само ова нерешено и дај и тоа да го завршиме.

Исто така нема доволно градинки, недостасува персонал по градинките ама царицата се замара со погрешни работи, згора на се кога се има план нешто да се гради наместо да се извести населението да се образложи да се разговара и да се информира, таа едноставно решава, одлучува и го спроведува тоа дали при тоа некој знае или не тоа и не е толку битно.

Само како за пример, во Љубанци постои женски манастир во кој живее сестринство кое го сочинуваат 6-8 сестри, сите се повозрасни и се грижат за манастирот колку што можат, ги преживуваат зимата и деновите со помош од локалното население, како и со дарови од нивна страна бидејќи не се во можност самите да си произведат. Наместо министерката да се малку позанимава со ваквите работи, да се види каде може да се помогне, да се воздигне верата, христијанството, да се помогне на тие кои служат на господ и никојпат нема да побараат помош, да се зајакне и духовно подржи народот, таа наместо тоа не го прави, преку нејзините очи наместо таа да му служи на народот таа се поставува во позиција над сите и гледа како народот и државата може да и бидат нејзе од корист, кажаа некои од присутните.

Министерката наместо да се помогне на селаните во Тимјаник нивните деца да добијат градинка пробува со сила, со наметнување и со заплашување да делува на селаните и да ги присили или да им наметне да го прифатат тоа што она го одлучила седејќи во канцаларија, без поширока дебата или размислување, едноставно така и одеднаш и она од Скопје да одлучува во Тимјаник што ќе има. Секоја чест на начинот на донесување и силата и агресијата за спроведување на одлуките, тоа личи на оваа власт и на нејзините поданици, никако не се двоите од тоа што е слика за СДСМ за овој народ, рак рана!