Со измените на Законот за детска заштита кој беше донесен во 2009 година, од владата на ВМРО-ДПМНЕ, мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете 10 години, а за родено четврто дете ако добива додаток за трето дете помошта е 11.267 денари во рок од 15 години.
Но по доаѓањето на Царовска на власт таа со изговор дека оваа мерка не дала ефекти врз наталитетот го укинува додатокот за трето дете.
Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им велат дека не станува збор за укинување на надоместокот, туку за унапредување на правото на користење на надоместок и на прво и на второ и на трето дете.
Со доаѓањето на Царовска како министерка се повеќе страдаат луѓето бидејќи таа од своето министерување не спроведе ниту еден проект во полза за граѓаните, освен вработување на партиски војници по градинките и другите социјални установи.