Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Кочани вечерва најави дека наскоро следува ново, значително покачување на минималаната плата, а со стабилизација на пензискиот фонд и вонредно покачување на пензиите на почетокот на 2020 година.

– Ја покачивме минималната плата која во некои индустрии изнесуваше 8.500 денари, а сега изснува 12.500 денари. Но тука не застанавме. Многу скоро ние како Влада заедно со синдикатите и стопанствениците, ќе најавиме, ново покачување на минималната плата, затоа што нашите работници и сограѓани го заслужуваат тоа, порача Царовска.

Покрај платите, истакна Царовска, ќе следува раст и на пензиите и подигнување на животниот стандард за пензионерите.

– Преку успешни политики успеавме да го стабилизираме Фондот за пензиско осигурување. Пензиите растеа просечна како што растеа платите и економијата. Но ние законски им гарантираме на пензионерите, ако растат платите, ако расте економијата ако имаме вработувањата ќе растат и пензиите. И тоа премиерот го вети. На почетокот на наредната година, во првиот квартал ќе растат вонредно и на тоа ќе останат усогласувањата кои се по закон, посочи потпретседателката Царовска.
Во своето обраќање Царовска се осврна и на проектите од значење за Кочани, како постапката за изградба на современа детска градинка во општината, како и отворениот центар за ран детски развој во населеното место Тркање.