Центарот за контрола и превенција на болести во Србија ја надополни листата на симптоми за Ковид-19 со уште три нови. Станува збор за таканаречените симптоми на алергија – затнат нос или постојано течење од носот, мачнина и дијареа.

Од Центарот велат дека надополнувањето на листата следи по новите истражувања во врска со болеста.

До сега со ковид-19 се поврзуваа покачена температура, инфекција на белите дробови, губење на здивот, отежнато дишење, болки во мускулите, главоболка, омалаксаност, па дури и губење на чувството за мирис и вкус.