Доста познато во јавноста е дека овошјето секој ден треба да се наоѓа на вашето мени. За да бидете здрави, редовно треба да јадете по неколку видови на овошје во текот на денот.

Покрај огромниот број на овошја со кои располагаат македонските пазари, цитронот станува едно од овошјата што најчесто се конзумира, понекогаш како сурово овошје, а многу почесто како комбинација во цеден сок.

Ова овошје е многу моќна храна која треба редовно да се консумира. Тој претставува лек за премногу болести, а сето ова е научно докажано со многу експрименти. За разлика од синтетичките лекови, цитронот претставува природен лек кој не предизвикува несакани последици. Неговата здрава жичка оди до таа мера, што може да спречи дебелеење, да се справи со дијабетисот (шеќерната болест), го намалува холестеролот, се бори против ракот, лекува чиреви во желудникот, ги намалува болестите на непцата, а дури може да спречи излив на мозокот.

И смирувачкото дејство е придобивка од ова вкусно овошје. После испитувањето, спроведено од американските научници, сите личности кои го консумирале цитронот имале значително покачување на нивото на серотонин, хормонот кој го буди чувството на среќа.